пее

Глагол, несвршен

Значење на пее:

1. а) За човек ‒ изведува со глас низа од мелодиски тонови, исполнува музичка творба. Некој пее со тивок глас. Едни играат, други пеат. Девојките пееја свадбарска песна. б) Професионално се занимава со изведување на мелодии. Тој пееше во операта. Народот стоеше, хорот ја пееше химната.

2. За птица и за некои инсекти ‒ испушта звуци пријатни за слушање. Петлите пеат во првите мугри. Славеј пее во гората. Пее жужалец во ноќта.

3. (прен., книж.) За природни појави ‒ издава еднолични гласови, шумови. Планинските води скокаат палаво и ја пеат пролетната песна. Бури пеат и како оган палат. Ветрец тивка песна пее.

4. Создава песни; слави со песна, воспева некого или нешто. Се роди поезија на оној јазик на кој народот пееше толку убави песни. Поетот пее за тешкиот живот.

5. а) Држи религиски обред. Поповите пееја опело. Оџата обично пееше на квечерина. б) Дава помен за умрениот. За задушница редовно го пееше гробот на татко му.

6. (арх.) Чита. Тој го пеал писмото.

7. (разг.) Прекорува. Мајка му го пеела дома.

Коњугација: пеав , пеаја , пеал , пеан, пеат , пеев , пееја , пеејќи , пеел , пеен , пеење , пеј , пејте .

Изведени зборови:

  • пеење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Рано пиле, рано пее ‒ тој што ќе подрани повеќе ќе сработи, ќе успее.

Оригинални податоци:

пее, пеат; пеј, пејте; пеев, пееја; пеел; пеен; пеејќи; пеење; пеав, пеаја; пеал; пеан несв. 1. а) За човек ‒ изведува со глас низа од мелодиски тонови, исполнува музичка творба. Некој пее со тивок глас. Едни играат, други пеат. Девојките пееја свадбарска песна. б) Професионално се занимава со изведување на мелодии. Тој пееше во операта. Народот стоеше, хорот ја пееше химната. 2. За птица и за некои инсекти ‒ испушта звуци пријатни за слушање. Петлите пеат во првите мугри. Славеј пее во гората. Пее жужалец во ноќта. 3. (прен., книж.) За природни појави ‒ издава еднолични гласови, шумови. Планинските води скокаат палаво и ја пеат пролетната песна. Бури пеат и како оган палат. Ветрец тивка песна пее. 4. Создава песни; слави со песна, воспева некого или нешто. Се роди поезија на оној јазик на кој народот пееше толку убави песни. Поетот пее за тешкиот живот. 5. а) Држи религиски обред. Поповите пееја опело. Оџата обично пееше на квечерина. б) Дава помен за умрениот. За задушница редовно го пееше гробот на татко му. 6. (арх.) Чита. Тој го пеал писмото. 7. (разг.) Прекорува. Мајка му го пеела дома. ◊ Рано пиле, рано пее ‒ тој што ќе подрани повеќе ќе сработи, ќе успее. ‖ глаг. им. пеење ср.