пеење

Именка, среден род

Значење на пеење:

1. Глаголска именка од пее.

2. Исполнување на песни, арии и др. како професија или како уметност. Оперско пеење. Хорско пеење. Грлено пеење. На Велигден има многу пеење в црква.

3. Наставен предмет. Тој полагаше пеење. Учениците купија учебник по пеење.

4. Поетско творење, пишување стихови. Современата македонска поезија е во тесна врска со традиционалното пеење.

5. (и во мн.) Содржински оформен дел од голема творба (еп, поема). Поемата има пет пеења.

Множина: пеења.

Оригинални податоци:

пеење, мн. (ретко) пеења ср. 1. Глаг. им. од пее. 2. Исполнување на песни, арии и др. како професија или како уметност. Оперско пеење. Хорско пеење. Грлено пеење. На Велигден има многу пеење в црква. 3. Наставен предмет. Тој полагаше пеење. Учениците купија учебник по пеење. 4. Поетско творење, пишување стихови. Современата македонска поезија е во тесна врска со традиционалното пеење. 5. (и во мн.) Содржински оформен дел од голема творба (еп, поема). Поемата има пет пеења.