пекол
Само во еднина.
Значење на пекол:
1. (рел.) Место каде што престојуваат душите на грешниците по смртта во тешки, вечни маки; ад. Рај и пекол. Господар на пеколот е Луцифер.
2. (прен.) Неподносливи, многу тешки услови за работа, за живот; ужасна, неиздржлива состојба. Во овој пекол ретко се избегнува смртта. Животот му стана црн пекол.
3. Голема жештина, жега. Надвор е пекол, не се дише.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пекол му (ми, ти, ѝ) е душата ‒ се чувствува очајно, се наоѓа во безизлезна состојба, неиздржлив му е животот.
Оригинални податоци:
пекол (само едн.) м. 1. (рел.) Место каде што престојуваат душите на грешниците по смртта во тешки, вечни маки; ад. Рај и пекол. Господар на пеколот е Луцифер. 2. (прен.) Неподносливи, многу тешки услови за работа, за живот; ужасна, неиздржлива состојба. Во овој пекол ретко се избегнува смртта. Животот му стана црн пекол. 3. Голема жештина, жега. Надвор е пекол, не се дише. ◊ Пекол му (ми, ти, ѝ) е душата ‒ се чувствува очајно, се наоѓа во безизлезна состојба, неиздржлив му е животот.