пелена

Именка, женски род

Значење на пелена:

1. Парче густо ткаено памучно платно, најчесто бело, во правоаголна форма кое служи за завиткување на новороденче. Влажна пелена. Дете во пелени. Мајката го повиваше детето со пелени и со повој.

2. Производ сличен на влошка или во форма на гаќички за апсорбирање урина и измет за една употреба. Памперс-пелени. Пелени за возрасни.

Множина: пелени.

Изведени зборови:

  • пеленче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Уште од пелени го знае ‒ го знае, го познава од многу одамна, од раѓање. Уште е во пелени – уште е млад, незрел.

Оригинални податоци:

пелена, мн. пелени ж. 1. Парче густо ткаено памучно платно, најчесто бело, во правоаголна форма кое служи за завиткување на новороденче. Влажна пелена. Дете во пелени. Мајката го повиваше детето со пелени и со повој. 2. Производ сличен на влошка или во форма на гаќички за апсорбирање урина и измет за една употреба. Памперс-пелени. Пелени за возрасни. ◊ Уште од пелени го знае ‒ го знае, го познава од многу одамна, од раѓање. Уште е во пелени – уште е млад, незрел. ‖ пеленче, мн. пеленчиња, ср. дем. и хип.