пелиноса

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на пелиноса:

Зачини со пелин, додаде пелин. Тој ја пелиноса ракијата.

Коњугација: пелиносаат.

Изведени зборови:

  • пелиносување, глаг. им. ср.
  • се ~ пелиноса, Стане огорчен. Таа се пелиноса од неговите постапки.
  • (се) пелиносува, глаг. несв. (се) пелиносуваат Зачинува со пелин, додава пелин.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да те пелиноса лебот! – клетва, да те отруе лебот.

Оригинални податоци:

пелиноса, пелиносаат св. (разг.) Зачини со пелин, додаде пелин. Тој ја пелиноса ракијата. ◊ Да те пелиноса лебот! – клетва, да те отруе лебот. ● се ~ Стане огорчен. Таа се пелиноса од неговите постапки. ‖ (се) пелиносува, (се) пелиносуваат несв. Зачинува со пелин, додава пелин. ‖ глаг. им. пелиносување ср.