пена
Значење на пена:
1. Меурчиња што се образуваат по површината на некоја течност при механичко или хемиско дејство (турање, маткање, вриење, варење итн.). Морска пена. Мирислива пена. Бела пена над брановите. Пена од пиво. Вино со пена. Пена од сапун.
2. Густа белузлава плунка на човек или животно што се јавува при некоја болест или при голем умор. Му се појави пена на устата.
3. Смеса за определена намена што се истискува од сад под притисок. Пена за бричење. Пена за гаснење.
Множина: пени.
Фразеолошки израз / поговорка:
Со пена на устата ‒ полн со злоба. Устата му фати пена ‒ безуспешно докажува некому нешто со факти.
Оригинални податоци:
пена, мн. пени ж. 1. Меурчиња што се образуваат по површината на некоја течност при механичко или хемиско дејство (турање, маткање, вриење, варење итн.). Морска пена. Мирислива пена. Бела пена над брановите. Пена од пиво. Вино со пена. Пена од сапун. 2. Густа белузлава плунка на човек или животно што се јавува при некоја болест или при голем умор. Му се појави пена на устата. 3. Смеса за определена намена што се истискува од сад под притисок. Пена за бричење. Пена за гаснење. ◊ Со пена на устата ‒ полн со злоба. Устата му фати пена ‒ безуспешно докажува некому нешто со факти.