пени
Значење на пени:
1. Нанесува пена. Мајката му ги пенеше рацете на детето со сапун.
2. се пени. Овој сапун многу (се) пени.
Коњугација: пенат.
Изведени зборови:
- пенење, глаг. им. ср.
- се ~ пени, 1. Станува пена, пушта пена, се покрива со пена. Реката се пени под карпите. Виното се пенеше во чашите. 2. (прен., разг.) Се клешти. Пијаниот се пенеше.
Оригинални податоци:
пени, пенат несв. 1. Нанесува пена. Мајката му ги пенеше рацете на детето со сапун. 2. в. се пени. Овој сапун многу (се) пени. ● се ~ 1. Станува пена, пушта пена, се покрива со пена. Реката се пени под карпите. Виното се пенеше во чашите. 2. (прен., разг.) Се клешти. Пијаниот се пенеше. ‖ глаг. им. пенење ср.