пепел

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на пепел:

1. Ситни остатоци во форма на прав од согорување на дрво, јаглен, цигара и сл. Жар и пепел. Пепел во огништето. Вжештена пепел. Црн пепел. Пепел од цигара.

2. (разг.) Прав, прашина. Ветерот го носеше ситниот пепел. Радиоактивна пепел.

Членувана форма: пепелот.

Алтернативно: пепелта

Фразеолошки израз / поговорка:

Прав и пепел се стори ‒ не остана ништо. Прав и пепел ќе го направи ‒ ќе го уништи, ќе го сотре. Тури му пепел! ‒ заборави, тоа е завршена работа. Ни пепел нема да си тури во очите ‒ многу е сиромав.

Оригинални податоци:

пепел, пепелот и пепелта (само едн.) м./ж. 1. Ситни остатоци во форма на прав од согорување на дрво, јаглен, цигара и сл. Жар и пепел. Пепел во огништето. Вжештена пепел. Црн пепел. Пепел од цигара. 2. (разг.) Прав, прашина. Ветерот го носеше ситниот пепел. Радиоактивна пепел. ◊ Прав и пепел се стори ‒ не остана ништо. Прав и пепел ќе го направи ‒ ќе го уништи, ќе го сотре. Тури му пепел! ‒ заборави, тоа е завршена работа. Ни пепел нема да си тури во очите ‒ многу е сиромав.