перде
Разговорен збор, израз.
Значење на перде:
1. завеса_1_3.
2. превез.
3. (само во едн.) а) Мембрана, опна. б) (прен.) Невиност, девственост.
4. (само во едн.) Болест на очите; катаракта. Пукнато перде ‒ нечесна жена. Без срам и перде ‒ без чувство на срам. Му стави перде на очите ‒ го заслепи, го заблуди.
Множина: пердиња.
Изведени зборови:
- перденце, и. ср. дем. од перде 1.
Оригинални податоци:
перде, мн. пердиња ср. (разг.) 1. сп. завеса 1 и 3. 2. в. превез. 3. (само во едн.) а) Мембрана, опна. б) (прен.) Невиност, девственост. 4. (само во едн.) Болест на очите; катаракта. Пукнато перде ‒ нечесна жена. Без срам и перде ‒ без чувство на срам. Му стави перде на очите ‒ го заслепи, го заблуди. ‖ перденце, мн. перденца ср. дем. од перде 1.