пере

Глагол, несвршен

Значење на пере:

1. Со вода и сапун (или друго средство) отстранува нечистотии од текстилни производи (облека постелнина итн.). Мајката ги пере пелените во машина. Старицата пере ветви черги. Жените переа јамболлии на река. Војниците переа чорапи и ги обесуваа на креветите.

2. Врши таква услуга за некого. Таа ги переше и децата на деверот. Старата уште ги пере сите во семејството.

Коњугација: перат , переа , перев , перејќи , перел , перен , перење , перете , пери , праа , прав , прал , пран.

Изведени зборови:

  • перење, глаг. им. ср.
  • се ~ пере, Со вода и сапун (или друго средство) лично отстранува нечистотии од облека, постелнина и др. Туѓинецот сам се перел. Старицата се переше со сапун.

Оригинални податоци:

пере, перат; пери, перете; перев, переа; перел; перен; перејќи; перење; прав, праа; прал; пран несв. 1. Со вода и сапун (или друго средство) отстранува нечистотии од текстилни производи (облека постелнина итн.). Мајката ги пере пелените во машина. Старицата пере ветви черги. Жените переа јамболлии на река. Војниците переа чорапи и ги обесуваа на креветите. 2. Врши таква услуга за некого. Таа ги переше и децата на деверот. Старата уште ги пере сите во семејството. ● се ~ Со вода и сапун (или друго средство) лично отстранува нечистотии од облека, постелнина и др. Туѓинецот сам се перел. Старицата се переше со сапун. ‖ глаг. им. перење ср.