перфиден

Придавка

Значење на перфиден:

Што крие, таи злонамерност, таен скришен; подмолен. Перфидна замисла.

Членувана форма: перфидниот.

Изведени зборови:

  • перфидно, прил. Една група перфидно ја опструира работата.
  • перфидност, и. ж.

Оригинални податоци:

перфиден, перфидниот прид. Што крие, таи злонамерност, таен скришен; подмолен. Перфидна замисла. ‖ перфидно прил. Една група перфидно ја опструира работата. ‖ перфидност ж.