перница
Значење на перница:
Мала сошиена постилка наполнета со волна, пердуви и сл. на која се става главата при спиење; зглавје. Перница од пердуви. Мека перница.Таа спушти глава на перница.Множина: перници.
Изведени зборови:
- перниче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
перница, мн. перници ж Мала сошиена постилка наполнета со волна, пердуви и сл. на која се става главата при спиење; зглавје. Перница од пердуви. Мека перница.Таа спушти глава на перница. ‖ перниче, мн. перничиња ср. дем.