перо
Значење на перо:
1. (едн. и зб. мн.) Пердув, обично голем, од крило, од опашка на крупна птица. Орлово перо. Гускино перо. Петлови перја. Црни перје. Шарени перје.
2. (едн. и мн.) а) (истор.) Таков пердув приспособен за пишување. Некогаш се пишувало со гускино перо. б) Метална плочка изработена во форма на клун која се става на перодршка и служи за пишување со мастило, туш; перце. Челично перо. Златно перо. в) Перодршката и перцето заедно. Дрвено перо. Го раздени со перо в рака.
3. (едн. и мн., прен.) Писател, новинар, критичар, автор на текст. Остро перо. Добро платено перо. Две крупни пера. Сатирично перо.
4. (само едн., прен.) Начин, стил, симбол на пишување ‒ во изрази. Има лесно перо. Го замолчи со еден потег на перото. И тоа е од неговото перо. Силен на перо.
5. Зелен лист на кромид, лук, праз и сл. Празови перја. Врзопче кромид со извиткани перја.
6. Перка кај рибите.
Множина: пера, перје.
Алтернативно: перја
Фразеолошки израз / поговорка:
Се кити со туѓо перје ‒ си припишува заслуги за туѓи дела. Грешка на перото ‒ случајна грешка при пишување.
Оригинални податоци:
перо, мн. пера, зб. мн. перје и перја ср. 1. (едн. и зб. мн.) Пердув, обично голем, од крило, од опашка на крупна птица. Орлово перо. Гускино перо. Петлови перја. Црни перје. Шарени перје. 2. (едн. и мн.) а) (истор.) Таков пердув приспособен за пишување. Некогаш се пишувало со гускино перо. б) Метална плочка изработена во форма на клун која се става на перодршка и служи за пишување со мастило, туш; перце. Челично перо. Златно перо. в) Перодршката и перцето заедно. Дрвено перо. Го раздени со перо в рака. 3. (едн. и мн., прен.) Писател, новинар, критичар, автор на текст. Остро перо. Добро платено перо. Две крупни пера. Сатирично перо. 4. (само едн., прен.) Начин, стил, симбол на пишување ‒ во изрази. Има лесно перо. Го замолчи со еден потег на перото. И тоа е од неговото перо. Силен на перо. 5. Зелен лист на кромид, лук, праз и сл. Празови перја. Врзопче кромид со извиткани перја. 6. Перка кај рибите. ◊ Се кити со туѓо перје ‒ си припишува заслуги за туѓи дела. Грешка на перото ‒ случајна грешка при пишување.