перспектива
Значење на перспектива:
1. (слик.) Прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста.
2. (мат.) Дел од нацртната геометрија којшто ги проучува правилата за прикажување на телата со помош на нивното централно проектирање на површина.
3. Тоа што се гледа во далечина, поглед во далечина. Во перспектива се гледаше дел од куќа скриена од дрвјата. Во коса перспектива се наѕираше зелена речна вода.
4. (прен.) Гледиште, гледна точка; аспект. Хронолошка перспектива. Од историска перспектива.
5. (прен.) Очекување, надеж, можност дека нешто ќе се случи; изглед. Без перспектива. Широка перспектива. Реални перспективи. Тој гледа подалеку, во иднината, во перпективите.
Множина: перспективи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Птичја перспектива ‒ од висина на летот на птиците, од високо, одозгора. Во перспектива ‒ во иднина.
Оригинални податоци:
перспектива, мн. перспективи ж. 1. (слик.) Прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста. 2. (мат.) Дел од нацртната геометрија којшто ги проучува правилата за прикажување на телата со помош на нивното централно проектирање на површина. 3. Тоа што се гледа во далечина, поглед во далечина. Во перспектива се гледаше дел од куќа скриена од дрвјата. Во коса перспектива се наѕираше зелена речна вода. 4. (прен.) Гледиште, гледна точка; аспект. Хронолошка перспектива. Од историска перспектива. 5. (прен.) Очекување, надеж, можност дека нешто ќе се случи; изглед. Без перспектива. Широка перспектива. Реални перспективи. Тој гледа подалеку, во иднината, во перпективите. ◊ Птичја перспектива ‒ од висина на летот на птиците, од високо, одозгора. Во перспектива ‒ во иднина.