песок
Значење на песок:
1. Ситни тврди делчиња откршени од камена маса во различна форма и големина. Ситен песок. Зрно песок. Речен песок. Пустински песок. Под нозете крцкаше песок.
2. Градежен материјал од таква камена маса. Тие сеат песок и прават малтер.
3. Ситен, тврд талог во бубрегот кај човекот. Песок во бубрег.
Множина: песоци.
Членувана форма: песокот , песокта.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жив песок ‒ голема тешкотија што се влошува, безизлезна положба. Му фрла песок в очи ‒ не му ја кажува вистината, лаже, залажува. Гради/прави кули на песок ‒ прави нешто нетрајно, несигурно, неосновано.
Оригинални податоци:
песок, песокот и песокта, мн. песоци м. и ж. 1. Ситни тврди делчиња откршени од камена маса во различна форма и големина. Ситен песок. Зрно песок. Речен песок. Пустински песок. Под нозете крцкаше песок. 2. Градежен материјал од таква камена маса. Тие сеат песок и прават малтер. 3. Ситен, тврд талог во бубрегот кај човекот. Песок во бубрег. ◊ Жив песок ‒ голема тешкотија што се влошува, безизлезна положба. Му фрла песок в очи ‒ не му ја кажува вистината, лаже, залажува. Гради/прави кули на песок ‒ прави нешто нетрајно, несигурно, неосновано.