пет

Број

Значење на пет:

1. Основен број поголем за една единица од четири; се бележи со бројката 5. Пет денари. Пет грама. Пет години. Во пет часот. Родителите одвај ги прехранија петте деца.

2. Означува приближна вредност во спој со броевите: шест, шеснаесет, шеесет, шестотини итн.; пет-шест, пет-шеснаесет, пет-шеесет, пет-шестотини. Пет-шест кошули. Пет-шеснаесет испити.

Членувана форма: петте.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни пет, ни шест ‒ веднаш, без колебање, без одлагање. Пет пари не дава - не се грижи за ништо.

Оригинални податоци:

пет, петте бр. 1. Основен број поголем за една единица од четири; се бележи со бројката 5. Пет денари. Пет грама. Пет години. Во пет часот. Родителите одвај ги прехранија петте деца. 2. Означува приближна вредност во спој со броевите: шест, шеснаесет, шеесет, шестотини итн.; пет-шест, пет-шеснаесет, пет-шеесет, пет-шестотини. Пет-шест кошули. Пет-шеснаесет испити. ◊ Ни пет, ни шест ‒ веднаш, без колебање, без одлагање. Пет пари не дава - не се грижи за ништо.