петел

Именка, машки род

Значење на петел:

Домашна птица со шарени перје и подолга опашка, мажјак од кокошка што се одгледува заради оплодување. Петел и кокошка. Црвен петел на буниште. Закукурига петел.

Множина: петли.

Членувана форма: петелот.

Изведени зборови:

  • петле, и. ср. дем. и хип. и петленце (само едн.) дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Први петли ‒ по полноќ, многу рано наутро.

Оригинални податоци:

петел, петелот, мн. петли м. Домашна птица со шарени перје и подолга опашка, мажјак од кокошка што се одгледува заради оплодување. Петел и кокошка. Црвен петел на буниште. Закукурига петел. ◊ Први петли ‒ по полноќ, многу рано наутро. ‖ петле, мн. петлиња ср. дем. и хип. и петленце (само едн.) ср. дем. и хип.