петица

Именка, женски род

Значење на петица:

1. Задниот дел од стапалото кај човекот. Раскрвавени табани и распукани петици. Силна болка во левата петица. Детето газеше на петици.

2. Долниот заден дел од чорап или од чевел. Искинати петици. Чевли со излижани петици. Танчарот тропаше со петиците од чевлите.

Множина: петици.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ахилова петица ‒ (книж.) слаба страна, ранливо место. Го измери од глава до петици ‒ го измери со поглед, го изгледа целиот, во сè, целосно. Срцето му слезе во петици ‒ ненадејно, силно се исплаши.

Оригинални податоци:

петица, мн. петици ж. 1. Задниот дел од стапалото кај човекот. Раскрвавени табани и распукани петици. Силна болка во левата петица. Детето газеше на петици. 2. Долниот заден дел од чорап или од чевел. Искинати петици. Чевли со излижани петици. Танчарот тропаше со петиците од чевлите. ◊ Ахилова петица ‒ (книж.) слаба страна, ранливо место. Го измери од глава до петици ‒ го измери со поглед, го изгледа целиот, во сè, целосно. Срцето му слезе во петици ‒ ненадејно, силно се исплаши.