петок
Значење на петок:
Петти ден во неделата, ден по четвртокот. Во петок селаните одеа на пазар.Множина: петоци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ќе му дојде и нему црн петок ‒ и тој ќе се најде во мака, во неволја. Тие се петок и сабота ‒ тие се многу блиски, неразделни се.
Оригинални податоци:
петок, мн. петоци м. Петти ден во неделата, ден по четвртокот. Во петок селаните одеа на пазар. ◊ Ќе му дојде и нему црн петок ‒ и тој ќе се најде во мака, во неволја. Тие се петок и сабота ‒ тие се многу блиски, неразделни се.