пие
Значење на пие:
1. Голта течност (вода, млеко, сок, алкохолни пијалаци и др.). Планинарите пијат вода од изворите. Детето пие млеко. Гостите пиеја вино. Таа полека го пие кафето.
2. Претерано пие алкохолни пијалаци; се пијани. Пие по цел ден.
3. Впива, прима течност. Сувата земја ја пиеше водата. Сонцето ја пие росата од ливадите. Баклавата го пие шербетот.
Коњугација: пив , пиев , пиеја , пиејќи , пиел , пиен , пиење , пиј , пија , пијат , пијте , пил.
Изведени зборови:
- пиење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пие тутун ‒ (арх.) пуши. Не се знае кој јаде кој пие ‒ (разг.) владее безредие.
Оригинални податоци:
пие, пијат; пиј, пијте; пиев, пиеја; пиел; пиен; пиејќи; пиење; пив, пија; пил несв. 1. Голта течност (вода, млеко, сок, алкохолни пијалаци и др.). Планинарите пијат вода од изворите. Детето пие млеко. Гостите пиеја вино. Таа полека го пие кафето. 2. Претерано пие алкохолни пијалаци; се пијани. Пие по цел ден. 3. Впива, прима течност. Сувата земја ја пиеше водата. Сонцето ја пие росата од ливадите. Баклавата го пие шербетот. ◊ Пие тутун ‒ (арх.) пуши. Не се знае кој јаде кој пие ‒ (разг.) владее безредие. ‖ глаг. им. пиење ср.