пијавица

Именка, женски род

Значење на пијавица:

1. (зоол.) Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв, а некогаш се употребувала за лекување на болести; Hirudo medicinalis. Коњска пијавица. Десетина пијавици му се залепиле за нозе. Пијавици во сад.

2. (прен., разг.) а) Наметлив, натраплив човек, наметливец. Беше пијавица припиена за него. б) Бескрупулозен изнудувач на профит. Лихвари, пијавици, немилосрдно го осиромашуваа селанецот.

3. Железна прачка со две куки на краиштата за зацврстување на греди, камени плочи на мостови и сл. Секоја греда со греда ја врзале со пијавици.

Множина: пијавици.

Оригинални податоци:

пијавица, мн. пијавици ж. 1. (зоол.) Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв, а некогаш се употребувала за лекување на болести; Hirudo medicinalis. Коњска пијавица. Десетина пијавици му се залепиле за нозе. Пијавици во сад. 2. (прен., разг.) а) Наметлив, натраплив човек, наметливец. Беше пијавица припиена за него. б) Бескрупулозен изнудувач на профит. Лихвари, пијавици, немилосрдно го осиромашуваа селанецот. 3. Железна прачка со две куки на краиштата за зацврстување на греди, камени плочи на мостови и сл. Секоја греда со греда ја врзале со пијавици.