пикне

Глагол, свршен

Значење на пикне:

1. Стави во нешто тесно со притискање, насила. Ги пикна рацете в џеб. Детето ја пикна топката меѓу решетките од оградата. Ја пикна кутијата в пазува.

2. (прен.) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде, зафрли, затури. Каде го пикна документот? 3. (прен.) Даде кришум. Му пикна в рака пари. Му пикна в чанта некаков плик. 4. (прен., разг.) Обезбеди некаква положба. Го пикна другарот на работа.

Коњугација: (ќе) пикнеа , (ќе) пикнев , (ќе) пикнел, пикнаа , пикнав , пикнал , пикнат , пикнат , пикнете , пикни .

Изведени зборови:

  • пикнување, глаг. им. ср.
  • се ~ пикне, 1. Влезе во нешто тесно, во тесен простор, насила. Се пикнаа во преполниот автобус. 2. (прен., разг.) Влезе незабележано; влезе без билет. Се пикна во слаткарница, и со страв гледаше надвор. Врапчето се пикна в соба. Се пикнав на стадион.
  • (се) пикнува, глаг. несв. (се) пикнуваат

Оригинални податоци:

пикне, пикнат; пикни, пикнете; пикнав, пикнаа; пикнал; пикнат; (ќе) пикнев, (ќе) пикнеа; (ќе) пикнел св. 1. Стави во нешто тесно со притискање, насила. Ги пикна рацете в џеб. Детето ја пикна топката меѓу решетките од оградата. Ја пикна кутијата в пазува. 2. (прен.) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде, зафрли, затури. Каде го пикна документот? 3. (прен.) Даде кришум. Му пикна в рака пари. Му пикна в чанта некаков плик. 4. (прен., разг.) Обезбеди некаква положба. Го пикна другарот на работа. ● се ~ 1. Влезе во нешто тесно, во тесен простор, насила. Се пикнаа во преполниот автобус. 2. (прен., разг.) Влезе незабележано; влезе без билет. Се пикна во слаткарница, и со страв гледаше надвор. Врапчето се пикна в соба. Се пикнав на стадион. ‖ (се) пикнува, (се) пикнуваат несв. ‖ глаг. им. пикнување ср.