пипер
Ботаника.
Само во еднина.
Значење на пипер:
Градинарско растение со месест плод што се јаде зелен или зрел; Capsicum, Piper.Изведени зборови:
- пиперец, и. ср. мн. пиперца м. хип.; пиперче, мн. пиперчиња дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црвен пипер ‒ зачин од црвени, сушени и мелени пиперки. Црн пипер ‒ (бот.) тропско растение со ситни црни плодови со остар мирис што се употребуваат како зачин; Piper niger. Му (ми, ти...) толчи пипер на (врз) глава ‒ претерано советува, додева со нешто.
Оригинални податоци:
пипер (само едн.) м. (бот.) Градинарско растение со месест плод што се јаде зелен или зрел; Capsicum, Piper. ◊ Црвен пипер ‒ зачин од црвени, сушени и мелени пиперки. Црн пипер ‒ (бот.) тропско растение со ситни црни плодови со остар мирис што се употребуваат како зачин; Piper niger. Му (ми, ти...) толчи пипер на (врз) глава ‒ претерано советува, додева со нешто. ‖ пиперец, мн. пиперца м. хип.; пиперче, мн. пиперчиња ср. дем. и хип.