пирамида
Значење на пирамида:
1. (мат.) Геометриско тело со многуаголна основа и коси триаголни страни со заеднички врв.
2. Голема камена градба со правоаголна основа и четири триаголни страни со заеднички врв (фараонска гробница во стариот Египет). Пирамидите на фараоните.
3. а) Предмет што има широка основа и што се стеснува кај врвот. б) Тоа што е наредено, сложено во таква форма. Пирамиди од канти.
4. Гимнастичка или акробатска фигура што ја формираат луѓе стоејќи еден над друг на рамената.
Множина: пирамиди.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пирамида на власта ‒ хиерархија во уредувањето и организацијата на власта.
Оригинални податоци:
пирамида, мн. пирамиди ж. 1. (мат.) Геометриско тело со многуаголна основа и коси триаголни страни со заеднички врв. 2. Голема камена градба со правоаголна основа и четири триаголни страни со заеднички врв (фараонска гробница во стариот Египет). Пирамидите на фараоните. 3. а) Предмет што има широка основа и што се стеснува кај врвот. б) Тоа што е наредено, сложено во таква форма. Пирамиди од канти. 4. Гимнастичка или акробатска фигура што ја формираат луѓе стоејќи еден над друг на рамената. ◊ Пирамида на власта ‒ хиерархија во уредувањето и организацијата на власта.