пише
Разговорен збор, израз.
Значење на пише:
1. Напише некаков текст. Тој не пиша повторно. Стихот што го пиша го избриша.
2. Писмено забележи нешто, запише. Пиши ја пијачката на моја сметка! Пиши како што реков! 3. Внесе во список, регистар и сл. Синот го пишаа во интернат. 4. Писмено определи нешто (износ, висина на данок, казна и сл.). Му пишале данок за имот. Му пишаа парична казна. 4. Завешта. Пред смртта таткото го пишал имотот на синот.
3. Впише, стави оценка. Професорот му пиша петка на ученикот.
Коњугација: (ќе) пишеа , (ќе) пишев , (ќе) пишел, пишаа , пишав , пишал , пишан , пишат , пишете , пиши .
Изведени зборови:
- се ~ пише, Се вклучи во некаков список, во некоја група и сл.; се запише. Се пиша на студии. Се пишал во фудбалски клуб.
Оригинални податоци:
пише, пишат; пиши, пишете; пишав, пишаа; пишан; пишал; (ќе) пишев, (ќе) пишеа; (ќе) пишел св. (разг.) 1. Напише некаков текст. Тој не пиша повторно. Стихот што го пиша го избриша. 2. Писмено забележи нешто, запише. Пиши ја пијачката на моја сметка! Пиши како што реков! 3. Внесе во список, регистар и сл. Синот го пишаа во интернат. 4. Писмено определи нешто (износ, висина на данок, казна и сл.). Му пишале данок за имот. Му пишаа парична казна. 4. Завешта. Пред смртта таткото го пишал имотот на синот. 5. Впише, стави оценка. Професорот му пиша петка на ученикот. ● се ~ Се вклучи во некаков список, во некоја група и сл.; се запише. Се пиша на студии. Се пишал во фудбалски клуб.