пишман

Придавка

Разговорен збор, израз.

Неменлив по род и број.

Значење на пишман:

Што се кае, што жали поради некоја постапка.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стане/се стори/е пишман ‒ се покае. Тој е пишман што се родил ‒ за ништо не е благодарен. Пишман-аџија – според лик од народна приказна, тој што станал пишман за нешто.

Оригинални податоци:

пишман, немен. по род и број, прид. (разг.) Што се кае, што жали поради некоја постапка. ◊ Стане/се стори/е пишман ‒ се покае. Тој е пишман што се родил ‒ за ништо не е благодарен. Пишман-аџија – според лик од народна приказна, тој што станал пишман за нешто.