пишмани
Разговорен збор, израз.
Значење на пишмани:
Прави некого да стане пишман, расколебува некого, одвраќа некого од некаква намера. Родителите го пишманеа, тие не сакаа да замине во странство.Коњугација: пишманат.
Изведени зборови:
- пишманење, глаг. им. ср.
- се ~ пишмани, Станува пишман, се откажува од некаква намера, се предомислува. Тие решија да купат стан и во последен момент се пишманија. Тој сакаше нешто да ми каже, па се пишмани.
Оригинални податоци:
пишмани, пишманат несв. (разг.) Прави некого да стане пишман, расколебува некого, одвраќа некого од некаква намера. Родителите го пишманеа, тие не сакаа да замине во странство. ● се ~ Станува пишман, се откажува од некаква намера, се предомислува. Тие решија да купат стан и во последен момент се пишманија. Тој сакаше нешто да ми каже, па се пишмани. ‖ глаг. им. пишманење ср.