пишува

Глагол, несвршен

Значење на пишува:

1. Со букви или бројки бележи нешто на хартија или друг материјал, писмено бележи нешто. Првачињата ги пишуваат првите букви во тетратките. Наставничката пишуваше на табла со креда.

2. Погоден е за бележење букви и сл. Пенкалото пишуваше многу бледо. Моливот пишува танко.

3. Писмено соопштува, изразува мисли, чувства. Учениците пишуваа состав на слободна тема. Тој зборува англиски, но не пишува.

4. Внесува податоци, текст и сл. на машина за пишување или на компјутер. Судијата диктираше, а записничарката пишуваше.

5. Се обраќа писмено некому, писмено излага ставови, мисли и сл. Татко ми често ми пишуваше. Секоја година двапати пишува молба за одмор. Тој им пишуваше дека ќе се врати за една недела.

6. Составува новинарски текст, статија и др., соработува со весник, списание и сл. Новинарот пишуваше за најновите настани во светот. Таа пишува во женско списание, а тој во спортски весник.

7. Создава литературна, научна, публицистичка и друг вид творба. Тој е истакнат македонски писател, пишува раскази, драми и романи. Во книгата пишува за еден херојски настан од минатото. Нејзината пријателка ја пишува својата докторска теза.

8. Компонира музика. Тој пишува музика за филм.

9. За весник, списание ‒ објавува, донесува новости. Весниците пишуваа за големите поплави.

10. (арх.) Црта, слика со живи бои.

Коњугација: пишуваат.

Изведени зборови:

  • пишување, глаг. им. ср.
  • се ~ пишува, 1. Се бележи, се одбележува нешто. На крајот од реченицата се пишува точка. Со голема буква се пишуваат личните имиња. 2. Има желба, волја, расположение за пишување. На некои ученици не им се пишува домашна работа.

Оригинални податоци:

пишува, пишуваат несв. 1. Со букви или бројки бележи нешто на хартија или друг материјал, писмено бележи нешто. Првачињата ги пишуваат првите букви во тетратките. Наставничката пишуваше на табла со креда. 2. Погоден е за бележење букви и сл. Пенкалото пишуваше многу бледо. Моливот пишува танко. 3. Писмено соопштува, изразува мисли, чувства. Учениците пишуваа состав на слободна тема. Тој зборува англиски, но не пишува. 4. Внесува податоци, текст и сл. на машина за пишување или на компјутер. Судијата диктираше, а записничарката пишуваше. 5. Се обраќа писмено некому, писмено излага ставови, мисли и сл. Татко ми често ми пишуваше. Секоја година двапати пишува молба за одмор. Тој им пишуваше дека ќе се врати за една недела. 6. Составува новинарски текст, статија и др., соработува со весник, списание и сл. Новинарот пишуваше за најновите настани во светот. Таа пишува во женско списание, а тој во спортски весник. 7. Создава литературна, научна, публицистичка и друг вид творба. Тој е истакнат македонски писател, пишува раскази, драми и романи. Во книгата пишува за еден херојски настан од минатото. Нејзината пријателка ја пишува својата докторска теза. 8. Компонира музика. Тој пишува музика за филм. 9. За весник, списание ‒ објавува, донесува новости. Весниците пишуваа за големите поплави. 10. (арх.) Црта, слика со живи бои. ● се ~ 1. Се бележи, се одбележува нешто. На крајот од реченицата се пишува точка. Со голема буква се пишуваат личните имиња. 2. Има желба, волја, расположение за пишување. На некои ученици не им се пишува домашна работа. ‖ глаг. им. пишување ср.