писка

Глагол, несвршен

Значење на писка:

1. Плаче со писок од болка, жал и др., вреска. Жени пискаа и бараа помош. Пискаа деца од страв.

2. а) Испушта продорен звук. Писка локомотивата. Писка сирената. б) За музички инструмент ‒ испушта писок. Пискаа зурли сред село.

3. Силно вика, бучно се расправа. Жената пискаше од бес.

Коњугација: пискаат.

Изведени зборови:

  • пискање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

писка, пискаат несв. 1. Плаче со писок од болка, жал и др., вреска. Жени пискаа и бараа помош. Пискаа деца од страв. 2. а) Испушта продорен звук. Писка локомотивата. Писка сирената. б) За музички инструмент ‒ испушта писок. Пискаа зурли сред село. 3. Силно вика, бучно се расправа. Жената пискаше од бес. ‖ глаг. им. пискање ср.