писмо
Значење на писмо:
1. Напишана или отпечатена порака (обично во коверт) испратена до некого. Писмо за пријателите. Деловно писмо. Љубовни писма.
2. Систем од графички знаци што служи за пишување. Словенско писмо. Арапско писмо. Глаголско писмо. Клинесто писмо.
3. (арх.) Начин на пишување, ракопис. Косо писмо. Нечитливо писмо. Ситно писмо.
4. (арх.) Писмен документ, службен акт со кој се потврдува нешто.
Множина: писма.
Фразеолошки израз / поговорка:
Акредитивно писмо ‒ (дипл.) писмо што му го предава назначениот дипломатски претставник на претседателот на онаа држава во која тој ја претставува својата земја. Отворено писмо ‒ јавно упатен текст до некого преку средствата за јавна комуникација. Парично писмо ‒ писмо во кое се праќаат пари по пошта. Препорачано писмо ‒ писмо за кое поштата издава потврда за прием. Отпусно писмо ‒ официјален документ од медицинска установа со кој се потврдува отпустот на болниот од болница. Свето писмо ‒ Библија.
Оригинални податоци:
писмо, мн. писма ср. 1. Напишана или отпечатена порака (обично во коверт) испратена до некого. Писмо за пријателите. Деловно писмо. Љубовни писма. 2. Систем од графички знаци што служи за пишување. Словенско писмо. Арапско писмо. Глаголско писмо. Клинесто писмо. 3. (арх.) Начин на пишување, ракопис. Косо писмо. Нечитливо писмо. Ситно писмо. 4. (арх.) Писмен документ, службен акт со кој се потврдува нешто. ◊ Акредитивно писмо ‒ (дипл.) писмо што му го предава назначениот дипломатски претставник на претседателот на онаа држава во која тој ја претставува својата земја. Отворено писмо ‒ јавно упатен текст до некого преку средствата за јавна комуникација. Парично писмо ‒ писмо во кое се праќаат пари по пошта. Препорачано писмо ‒ писмо за кое поштата издава потврда за прием. Отпусно писмо ‒ официјален документ од медицинска установа со кој се потврдува отпустот на болниот од болница. Свето писмо ‒ Библија.