писок

Именка, машки род

Значење на писок:

1. Краткотраен силен звук, вресок. Писок од силна болка. Морничави писоци. Тишината ја нарушуваше испрекинат писок. Над селото се слушаше лелекот на децата и писокот на жените.

2. Продорен звук од нешто (гајда, зурла, локомотива и сл.). Стивна писокот од зурлите и грмежот од тапаните. Во градот се разнесе писок на фабричките сирени. Писокот од локомотивата ги параше ушите.

Множина: писоци.

Оригинални податоци:

писок, мн. писоци м. 1. Краткотраен силен звук, вресок. Писок од силна болка. Морничави писоци. Тишината ја нарушуваше испрекинат писок. Над селото се слушаше лелекот на децата и писокот на жените. 2. Продорен звук од нешто (гајда, зурла, локомотива и сл.). Стивна писокот од зурлите и грмежот од тапаните. Во градот се разнесе писок на фабричките сирени. Писокот од локомотивата ги параше ушите.