плаче
Значење на плаче:
1. Со глас и солзи изразува чувство на болка, тага, силна возбуда и сл. Таа веќе ниту плаче ниту се смее, седи така во дворот и молчи. Девојчето плачеше од болка.
2. Тагува со плачење, тажи, оплакува некого. Таа вечер плачев за сè, за младоста и за страдањата, за непроспиените ноќи. Цела ноќ жените го плачеа мртовецот.
3. (прен.) За растение ‒ испушта сок (при кроење и сл.) како да плаче. Лозарите ги скроија лозите и еве плачат лозите на благото сонце.
4. а) (прен.) Има голема потреба од нешто, силно бара, сака нешто. Полето плаче за вода. Колава плаче за мајстор. Собата плаче за чистење. б) (разг.) Треба да добие, заслужува нешто (непожелно). Плаче за ќотек. Плаче за дрво.
Коњугација: плакаа , плакав , плакал , плакан, плачат , плачеа , плачев , плачејќи , плачел , плачен , плачење , плачете , плачи .
Изведени зборови:
- плачење, глаг. им. ср.
- се ~ плаче, 1. Се жали некому, се поплакува. Таа се плачеше на лекарите дека не ѝ дале соодветен лек за болеста. Селаните му се плачеа на одборот поради нискиот откуп на тутунот. 2. Се наоѓа, е во состојба што тера на плач. Мене секогаш ми се плаче кога ќе помислам на моите родители и на сопствената судбина. Нам ни се плачеше, гледајќи го опустошеното село. Ми се јаде, ми се плаче. Ми се спие, ми се плаче.
Оригинални податоци:
плаче, плачат; плачи, плачете; плачев, плачеа; плачел; плачен; плачејќи; плачење; плакав, плакаа; плакал; плакан несв. 1. Со глас и солзи изразува чувство на болка, тага, силна возбуда и сл. Таа веќе ниту плаче ниту се смее, седи така во дворот и молчи. Девојчето плачеше од болка. 2. Тагува со плачење, тажи, оплакува некого. Таа вечер плачев за сè, за младоста и за страдањата, за непроспиените ноќи. Цела ноќ жените го плачеа мртовецот. 3. (прен.) За растение ‒ испушта сок (при кроење и сл.) како да плаче. Лозарите ги скроија лозите и еве плачат лозите на благото сонце. 4. а) (прен.) Има голема потреба од нешто, силно бара, сака нешто. Полето плаче за вода. Колава плаче за мајстор. Собата плаче за чистење. б) (разг.) Треба да добие, заслужува нешто (непожелно). Плаче за ќотек. Плаче за дрво. ● се ~ 1. Се жали некому, се поплакува. Таа се плачеше на лекарите дека не ѝ дале соодветен лек за болеста. Селаните му се плачеа на одборот поради нискиот откуп на тутунот. 2. Се наоѓа, е во состојба што тера на плач. Мене секогаш ми се плаче кога ќе помислам на моите родители и на сопствената судбина. Нам ни се плачеше, гледајќи го опустошеното село. Ми се јаде, ми се плаче. Ми се спие, ми се плаче. ‖ глаг. им. плачење ср.