пламен

Именка, машки род

Значење на пламен:

1. Светлина и топлина од запалена материја. Блед пламен од свеќа. Трепереше пламен од кандило. Нагоре се крева чад и пламен.

2. Пожар. Куќи в пламен. Пламенот се ширел по ниската шума. Вивна пламен над селото.

3. (прен.) Страст, силна возбуда. Пламен во очите. Пламен го обли неговото лице.

Множина: пламења, пламење, пламни.

Изведени зборови:

  • пламенче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Оган и пламен ‒ многу скап.

Оригинални податоци:

пламен, мн. пламни, зб. мн. пламење, пламења м. 1. Светлина и топлина од запалена материја. Блед пламен од свеќа. Трепереше пламен од кандило. Нагоре се крева чад и пламен. 2. Пожар. Куќи в пламен. Пламенот се ширел по ниската шума. Вивна пламен над селото. 3. (прен.) Страст, силна возбуда. Пламен во очите. Пламен го обли неговото лице. ◊ Оган и пламен ‒ многу скап. ‖ пламенче, мн. пламенчиња ср. дем.