пламне

Глагол, свршен

Значење на пламне:

1. Почне да гори одеднаш, видливо. Пламнаа дрвата во огништето. Крај брегот пламнаа стотици огнови.

2. За жито, тутун и др. растенија ‒ фати пламеница; подгори, свене.

3. (прен.) Добие необичен сјај, засветли, блесне, светне. Прозорецот пламна од силен блесок. На изгрејсонце пламнаа кубињата од црквата. Очите ѝ пламнаа од радост.

4. Засили одредено дејство. Болеста пламна. Офанзивните напади пламнаа взори.

5. Ненадејно доживее силно чувство, возбуда, восхит, вознемиреност и сл. Девојчето пламна од радост. Ќе пламне омраза во него. Тој пламна од зборовите на момчето.

Коњугација: (ќе) пламнеа , (ќе) пламнев , (ќе) пламнел, пламат , пламнаа , пламнав , пламнал , пламнат , пламнете , пламни .

Изведени зборови:

  • пламнува, глаг. несв. пламнуваат
  • пламнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пламне, пламат; пламни, пламнете; пламнав, пламнаа; пламнал; пламнат; (ќе) пламнев, (ќе) пламнеа; (ќе) пламнел св. 1. Почне да гори одеднаш, видливо. Пламнаа дрвата во огништето. Крај брегот пламнаа стотици огнови. 2. За жито, тутун и др. растенија ‒ фати пламеница; подгори, свене. 3. (прен.) Добие необичен сјај, засветли, блесне, светне. Прозорецот пламна од силен блесок. На изгрејсонце пламнаа кубињата од црквата. Очите ѝ пламнаа од радост. 4. Засили одредено дејство. Болеста пламна. Офанзивните напади пламнаа взори. 5. Ненадејно доживее силно чувство, возбуда, восхит, вознемиреност и сл. Девојчето пламна од радост. Ќе пламне омраза во него. Тој пламна од зборовите на момчето. ‖ пламнува, пламнуваат несв. ‖ глаг. им. пламнување ср.