план
Значење на план:
1. Цртеж направен со проекција врз хоризонтална рамнина на кој е прикажана куќа, зграда или друг градежен објект или еден кат од таков објект. Градежен план. План за куќа.
2. Однапред набележен систем на мерки за навремено извршување на поставените задачи. Годишен план за работа. Производствен план.
3. Замисла, намера за остварување на нешто, проект, програма. План за економски развој на земјата. План за намалување на даноците.
4. Определен ред за претставување, излагање на нешто, метод, начин за извршување на нешто. Наставен план за учебната година. План за работа на час. План за работа на конгресот.
5. Мапа на град или област во поголем размер. План на град Скопје.
6. Гледиште, гледна точка, аспект. Развојот на јазикот се разгледува на историски и современ план. На планот на меѓународната политика се зголемија активностите.
Множина: плана, планови.
Фразеолошки израз / поговорка:
На прв/преден план ‒ на прво место, првостепено. Крои планови ‒ планира. Му расипе планови ‒ го спречи.
Оригинални податоци:
план, мн. планови, избр. мн. плана м. 1. Цртеж направен со проекција врз хоризонтална рамнина на кој е прикажана куќа, зграда или друг градежен објект или еден кат од таков објект. Градежен план. План за куќа. 2. Однапред набележен систем на мерки за навремено извршување на поставените задачи. Годишен план за работа. Производствен план. 3. Замисла, намера за остварување на нешто, проект, програма. План за економски развој на земјата. План за намалување на даноците. 4. Определен ред за претставување, излагање на нешто, метод, начин за извршување на нешто. Наставен план за учебната година. План за работа на час. План за работа на конгресот. 5. Мапа на град или област во поголем размер. План на град Скопје. 6. Гледиште, гледна точка, аспект. Развојот на јазикот се разгледува на историски и современ план. На планот на меѓународната политика се зголемија активностите. ◊ На прв/преден план ‒ на прво место, првостепено. Крои планови ‒ планира. Му расипе планови ‒ го спречи.