планина

Именка, женски род

Значење на планина:

1. Големо и стрмно издигнато место на површината на земјата што обично има неколку врвови. Врв на планина. Бистра вода на планина. Села во планина. Карпести планини.

2. (прен.) Нешто во голема количина, голем куп. Планина кршен камен.

Множина: планини, планиње.

Изведени зборови:

  • планински, прид. планинскиот
  • планинче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Секоја планина со своја тежина ‒ секој си ги знае своите маки, проблеми.

Оригинални податоци:

планина, мн. планини, зб. мн. планиње ж. 1. Големо и стрмно издигнато место на површината на земјата што обично има неколку врвови. Врв на планина. Бистра вода на планина. Села во планина. Карпести планини. 2. (прен.) Нешто во голема количина, голем куп. Планина кршен камен. ◊ Секоја планина со своја тежина ‒ секој си ги знае своите маки, проблеми. ‖ планински, планинскиот прид. ‖ планинче, мн. планинчиња ср. дем.