планински
Значење на планински:
1. Што се однесува на планина Планински врв. Планински воздух. Планинска клима. Планински села. Планински пасишта. Планински дождови.
2. Што живее или расте в планина. Планински човек. Планински растенија.
3. За крај, место ‒ што е со планини. Планинска област.
Членувана форма: планинскиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
(бот.) Планински чај ‒ лековито растение што расте на високи места, со ситни темновиолетови цветови во розета на врвот од гранчињата; Origanum vulgare.
Оригинални податоци:
планински, планинскиот прид. 1. Што се однесува на планина Планински врв. Планински воздух. Планинска клима. Планински села. Планински пасишта. Планински дождови. 2. Што живее или расте в планина. Планински човек. Планински растенија. 3. За крај, место ‒ што е со планини. Планинска област. ◊ (бот.) Планински чај ‒ лековито растение што расте на високи места, со ситни темновиолетови цветови во розета на врвот од гранчињата; Origanum vulgare.