плаши

Глагол, несвршен

Значење на плаши:

Задава некому чувство на страв. Тој ги плашеше домашните со своето чудно однесување. Полјакот со викање го плашеше јатото чавки. Планината го плашеше момчето со нејзината дивина и непристапност. Ненадејните средби ја плашеа девојката.

Коњугација: плашат.

Изведени зборови:

  • плашење, глаг. им. ср.
  • се ~ плаши, Има чувство на страв. Мајката се плашеше за здравјето на синот. Таа не се плаши од ништо, а тој се плаши од сè.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми се плаши окото ‒ претчувствувам несреќа, неуспех, се сомневам.

Оригинални податоци:

плаши, плашат несв. Задава некому чувство на страв. Тој ги плашеше домашните со своето чудно однесување. Полјакот со викање го плашеше јатото чавки. Планината го плашеше момчето со нејзината дивина и непристапност. Ненадејните средби ја плашеа девојката. ● се ~ Има чувство на страв. Мајката се плашеше за здравјето на синот. Таа не се плаши од ништо, а тој се плаши од сè. ◊ Ми се плаши окото ‒ претчувствувам несреќа, неуспех, се сомневам. ‖ глаг. им. плашење ср.