пласира
Значење на пласира:
1. Изнесе, изнесува производи на пазар, продаде, продава со рекламирање. Земјоделците ги пласираа своите производи на домашните пазари. Квалитетниот зеленчук го пласиравме надвор од земјата.
2. Вложи, вложува пари, капитал во нешто, инвестира.
3. (прен.) Изложи, изложува мисла, идеја, теорија и сл. Авторот ќе пласира податоци за состојбата на исламот кај нас. Писателот пласира порака.
4. (спорт.) Фрли, фрла, шутира топка. Играчот ја пласираше топката на другата половина од теренот. Фудбалерот ја пласира нафрлената топка во мрежата.
Коњугација: пласираат , пласирајќи.
Изведени зборови:
- пласирање, глаг. им. ср.
- се ~ пласира, 1. (спорт.) Обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување, се квалификува. Нашата тенисерка ќе се пласира во понатамошните натпревари. Македонската ракометна репрезентација се пласираше за светското првенство. Младите фудбалери се пласираа за финалето на турнирот. 2. Постигне, постигнува определена положба. Тој добро се пласира во новата средина.
Оригинални податоци:
пласира, пласираат; пласирајќи св. и несв. 1. Изнесе, изнесува производи на пазар, продаде, продава со рекламирање. Земјоделците ги пласираа своите производи на домашните пазари. Квалитетниот зеленчук го пласиравме надвор од земјата. 2. Вложи, вложува пари, капитал во нешто, инвестира. 3. (прен.) Изложи, изложува мисла, идеја, теорија и сл. Авторот ќе пласира податоци за состојбата на исламот кај нас. Писателот пласира порака. 4. (спорт.) Фрли, фрла, шутира топка. Играчот ја пласираше топката на другата половина од теренот. Фудбалерот ја пласира нафрлената топка во мрежата. ● се ~ 1. (спорт.) Обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување, се квалификува. Нашата тенисерка ќе се пласира во понатамошните натпревари. Македонската ракометна репрезентација се пласираше за светското првенство. Младите фудбалери се пласираа за финалето на турнирот. 2. Постигне, постигнува определена положба. Тој добро се пласира во новата средина. ‖ глаг. им. пласирање ср.