пласне
Значење на пласне:
1. Падне нешто, се испружи некој со звук како при ненадеен удар или како при удар во вода. Внимавај, ќе пласне ќесето млеко на подот! Девојчето се подлизна и пласна во калта.
2. Удри со отворена дланка или со плоскат предмет. Таткото пласна по масата два-три пати. Мајката му пласна шлаканица на малиот палавко.
3. Стави небрежно или набрзина. Таа ги пласна алиштата на столот.
4. (прен.) Каже глупост. Тој пласна глупост пред гостите.
Коњугација: (ќе) пласнеа , (ќе) пласнев , (ќе) пласнел, пласнаа , пласнав , пласнал , пласнат , пласнат , пласнете , пласни .
Изведени зборови:
- пласнување, глаг. им. ср.
- се ~ пласне, Се бапне, нагло се испружи, се фрли наземи, на кревет. Детето се пласна на земја и почна да плаче.
- (се) пласнува, глаг. повт. (се) пласнуваат
Оригинални податоци:
пласне, пласнат; пласни, пласнете; пласнав, пласнаа; пласнал; пласнат; (ќе) пласнев, (ќе) пласнеа; (ќе) пласнел св. 1. Падне нешто, се испружи некој со звук како при ненадеен удар или како при удар во вода. Внимавај, ќе пласне ќесето млеко на подот! Девојчето се подлизна и пласна во калта. 2. Удри со отворена дланка или со плоскат предмет. Таткото пласна по масата два-три пати. Мајката му пласна шлаканица на малиот палавко. 3. Стави небрежно или набрзина. Таа ги пласна алиштата на столот. 4. (прен.) Каже глупост. Тој пласна глупост пред гостите. ● се ~ Се бапне, нагло се испружи, се фрли наземи, на кревет. Детето се пласна на земја и почна да плаче. ‖ (се) пласнува, (се) пласнуваат повт. ‖ глаг. им. пласнување ср.