пласт

Именка, машки род

Значење на пласт:

1. Куп сено, трева или ожниено жито. Пластови сено во косена ливада.

2. Одделни елементи, обележја наслоени во формирањето на една целост, наслојка. Пласт по пласт реди. Дебел пласт сало. Широк пласт влачена волна. Пластови есенски лисје. Снежни пластови.

3. (геол.) Наслојка, наслага. Површински пласт.

Множина: пласта, пластови.

Оригинални податоци:

пласт, мн. пластови, избр. мн. пласта м. 1. Куп сено, трева или ожниено жито. Пластови сено во косена ливада. 2. Одделни елементи, обележја наслоени во формирањето на една целост, наслојка. Пласт по пласт реди. Дебел пласт сало. Широк пласт влачена волна. Пластови есенски лисје. Снежни пластови. 3. (геол.) Наслојка, наслага. Површински пласт.