пласти
Значење на пласти:
1. За сено ‒ собира во пластови. Селанецот пласти сено. На повисоките места сеното го пластат во копи.
2. Нанесува, таложи, трупа во слоеви. Ветровите го пластат снегот и прават огромни намети.
Коњугација: пластат.
Изведени зборови:
- пластење, глаг. им. ср.
- се ~ пласти, 1. Се таложи, се трупа во слоеви. Снегот се пласти по полето и по ридовите. 2. (прен.) Се реди. Се пластат спомени.
Оригинални податоци:
пласти, пластат несв. 1. За сено ‒ собира во пластови. Селанецот пласти сено. На повисоките места сеното го пластат во копи. 2. Нанесува, таложи, трупа во слоеви. Ветровите го пластат снегот и прават огромни намети. ● се ~ 1. Се таложи, се трупа во слоеви. Снегот се пласти по полето и по ридовите. 2. (прен.) Се реди. Се пластат спомени. ‖ глаг. им. пластење ср.