пластика

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на пластика:

1. Општ назив за пластична маса и за предмети изработени од неа. Парче пластика. Столови од бела пластика.

2. Уметничка вештина за изработување, обликување на пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.; вајарство. Античка пластика. Влијание на барокна пластика.

3. (прен.) Вајарските дела на еден уметник, на една епоха, на еден народ.

Оригинални податоци:

пластика (само едн.) ж. 1. Општ назив за пластична маса и за предмети изработени од неа. Парче пластика. Столови од бела пластика. 2. Уметничка вештина за изработување, обликување на пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.; вајарство. Античка пластика. Влијание на барокна пластика. 3. (прен.) Вајарските дела на еден уметник, на една епоха, на еден народ.