плати

Глагол, свршен

Значење на плати:

1. Даде пари за купено, за извршена работа, за услуга; надомести нешто со противвредност. Јас ги платив книгите, а ти ќе платиш за кафето и сокот. Патните трошоци ги плаќа Министерството за наука. Тој го плаќа школувањето на внукот. Тој набрзина плати и си замина. Тој ја плати штетата што ја направи син му.

2. Со плаќање исполни некаква обврска. Плативме данок за наследството што го добивме.

3. (прен.) Претрпи казна, поднесе непријатни последици поради некаква постапка. За буната платија водачите. За малку ќе платеше со глава за таа своја глупост.

Коњугација: платат.

Фразеолошки израз / поговорка:

Господ да ти плати (клетва). Ќе плати со глава ‒ ќе плати со својот живот.

Оригинални податоци:

плати, платат св. 1. Даде пари за купено, за извршена работа, за услуга; надомести нешто со противвредност. Јас ги платив книгите, а ти ќе платиш за кафето и сокот. Патните трошоци ги плаќа Министерството за наука. Тој го плаќа школувањето на внукот. Тој набрзина плати и си замина. Тој ја плати штетата што ја направи син му. 2. Со плаќање исполни некаква обврска. Плативме данок за наследството што го добивме. 3. (прен.) Претрпи казна, поднесе непријатни последици поради некаква постапка. За буната платија водачите. За малку ќе платеше со глава за таа своја глупост. ◊ Господ да ти плати (клетва). Ќе плати со глава ‒ ќе плати со својот живот.