плеќи

Именка

Само во множина.

Значење на плеќи:

Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот. Момчето имаше широки плеќи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дури има плеќи, ќе има и самари (посл.) ‒ додека има кој да ги работи, ќе има и тешки работи. Му натоварија на плеќи ‒ му дадоа голема обврска. Му удри нож в плеќи ‒ постапи подмолно со некого. Го зел на плеќи товарот на светот ‒ се чувствува одговорен за случувања за кои нема влијание. Го виде на плеќи / да те видам на плеќи ‒ го виде (да те видам) поразен. Спроти плеќите и самарот (посл.) ‒ според тоа кој колку може да работи, така треба да бидат и обврските. Товар ми падна од плеќи ‒ ми олесна. Ќе ти ги видам плеќите ‒ ќе видам како ќе бегаш. Даде плеќи ‒ се предаде.

Оригинални податоци:

плеќи (само мн.) Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот. Момчето имаше широки плеќи. ◊ Дури има плеќи, ќе има и самари (посл.) ‒ додека има кој да ги работи, ќе има и тешки работи. Му натоварија на плеќи ‒ му дадоа голема обврска. Му удри нож в плеќи ‒ постапи подмолно со некого. Го зел на плеќи товарот на светот ‒ се чувствува одговорен за случувања за кои нема влијание. Го виде на плеќи / да те видам на плеќи ‒ го виде (да те видам) поразен. Спроти плеќите и самарот (посл.) ‒ според тоа кој колку може да работи, така треба да бидат и обврските. Товар ми падна од плеќи ‒ ми олесна. Ќе ти ги видам плеќите ‒ ќе видам како ќе бегаш. Даде плеќи ‒ се предаде. ‖ плеќички (само мн.) дем.