плени
Значење на плени:
1. Присвои како плен, зароби, освои; земе во пленство. Војниците сета печалена мака ја пленија, ги пленија коњите и дивееја по селото. Војската ги плени селаните.
2. (прен.) Воодушеви, восхити. Тој ги плени сите со своето неуморно работење, пожртвуваност и хуманост. Убавините на Пелистер ги пленија туристите.
3. Украде, одземе, ограби. Двата го плениле арамиите.
Коњугација: пленат.
Изведени зборови:
- пленува, глаг. несв. пленуваат
- пленување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
плени, пленат св. 1. Присвои како плен, зароби, освои; земе во пленство. Војниците сета печалена мака ја пленија, ги пленија коњите и дивееја по селото. Војската ги плени селаните. 2. (прен.) Воодушеви, восхити. Тој ги плени сите со своето неуморно работење, пожртвуваност и хуманост. Убавините на Пелистер ги пленија туристите. 3. Украде, одземе, ограби. Двата го плениле арамиите. ‖ пленува, пленуваат несв. ‖ глаг. им. пленување ср.