плесне
Значење на плесне:
1. Удри предизвикувајќи плесок. Момчето силно го плесна соиграчот со топката по глава. Тој го плесна силно детето по тилот.
2. Удри раце една со друга. Госпоѓата плесна силно со рацете. Девојчето им плесна со рачињата на пилињата и тие се разбегаа. Бегот силно плесна со рацете и сите се растрчаа околу него.
3. (прен., разг., пејор.) Јавно искаже нешто со револт и директно. Тој јавно му плесна на директорот полно работи в лице.
Коњугација: (ќе) плеснеа , (ќе) плеснев , (ќе) плеснел, плеснаа , плеснав , плеснал , плеснат , плеснат , плеснете , плесни .
Изведени зборови:
- плеснување, глаг. им. ср.
- се ~ плесне, Се удри по дел од телото (обично: глава, образ, чело и сл.). Кога виде што сторил, тој се плесна силно по челото.
- (се) плеснува, глаг. повт. (се) плеснуваат
Оригинални податоци:
плесне, плеснат; плесни, плеснете; плеснав, плеснаа; плеснал; плеснат; (ќе) плеснев, (ќе) плеснеа; (ќе) плеснел св. 1. Удри предизвикувајќи плесок. Момчето силно го плесна соиграчот со топката по глава. Тој го плесна силно детето по тилот. 2. Удри раце една со друга. Госпоѓата плесна силно со рацете. Девојчето им плесна со рачињата на пилињата и тие се разбегаа. Бегот силно плесна со рацете и сите се растрчаа околу него. 3. (прен., разг., пејор.) Јавно искаже нешто со револт и директно. Тој јавно му плесна на директорот полно работи в лице. ● се ~ Се удри по дел од телото (обично: глава, образ, чело и сл.). Кога виде што сторил, тој се плесна силно по челото. ‖ (се) плеснува, (се) плеснуваат повт. ‖ глаг. им. плеснување ср.