плете

Глагол, несвршен

Значење на плете:

1. а) Со раце, служејќи се со посебни игли, или на машина префрла котелци од конец, предено и сл. изработувајќи делови од облека (чорапи, џемпери итн.) или украсни предмети. Старата плетеше џемперче за внучето. Таа плетеше блузи на машина за плетење. б) Изработува со преплетување предмети од прачки, слама и сл. Стариот седеше пред колибата и плетеше кошница. Дедо ми плетеше кошови за целото село. в) Прави мрежа. Пајакот плете мрежа и во неа фаќа муви. г) Прави венец (од растение). Жените го плетеа кромидот под тремот.

2. Чешла коса со правење плетенки. Девојчето ѝ плете плетенки на куклата. Мајката ѝ ја плетеше косата на ќерка си.

3. (прен.) Прави сплетки, замки, интриги, измислува приказни за некого или за нешто. Околу славниот пејач се плетат разни приказни. Кнезот плете мрежи околу престолот.

Коњугација: плел, плетат , плетеа , плетев , плетејќи , плетел , плетен , плетење , плетете , плети , плетоа , плетов .

Изведени зборови:

  • плетење, глаг. им. ср.
  • се ~ плете, 1. Прави плетенки сам(а) себеси или меѓу себе. Таа сама се плете секое утро. Сестрите се плетеа една со друга. 2. За растение ‒ расте обвиткувајќи се околу нешто. Лозата се плете околу дрвото. Бршленот се плете околу столбот.

Оригинални податоци:

плете, плетат; плети, плетете; плетев, плетеа; плетел; плетен; плетејќи; плетење; плетов, плетоа; плел несв. 1. а) Со раце, служејќи се со посебни игли, или на машина префрла котелци од конец, предено и сл. изработувајќи делови од облека (чорапи, џемпери итн.) или украсни предмети. Старата плетеше џемперче за внучето. Таа плетеше блузи на машина за плетење. б) Изработува со преплетување предмети од прачки, слама и сл. Стариот седеше пред колибата и плетеше кошница. Дедо ми плетеше кошови за целото село. в) Прави мрежа. Пајакот плете мрежа и во неа фаќа муви. г) Прави венец (од растение). Жените го плетеа кромидот под тремот. 2. Чешла коса со правење плетенки. Девојчето ѝ плете плетенки на куклата. Мајката ѝ ја плетеше косата на ќерка си. 3. (прен.) Прави сплетки, замки, интриги, измислува приказни за некого или за нешто. Околу славниот пејач се плетат разни приказни. Кнезот плете мрежи околу престолот. ● се ~ 1. Прави плетенки сам(а) себеси или меѓу себе. Таа сама се плете секое утро. Сестрите се плетеа една со друга. 2. За растение ‒ расте обвиткувајќи се околу нешто. Лозата се плете околу дрвото. Бршленот се плете околу столбот. ‖ глаг. им. плетење ср.