плетка

Глагол, несвршен

Значење на плетка:

1. Мрси, замрсува конци и сл. Детево постојано ми ги плетка конците.

2. (прен.) Меша некого во нешто, обично нешто непријатно или недозволено. Не ме плеткај и мене во тие работи.

3. (прен.) Пелтечи, не зборува јасно, чисто. Јазикот му плетка, или е пијан или лаже.

Коњугација: плеткаат.

Изведени зборови:

  • плеткање, глаг. им. ср.
  • се ~ плетка, 1. Се мрси, се замрсува конец, мрежа и сл. Конецот постојано ми се плетка. 2. Се меша во нешто, обично каде што не треба. Тој секаде се плетка. 3. Пречи некому во одење, во движење, во работа и сл. Му се плетка по цел ден во работилницата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми се плетка на јазикот ‒ не може да се сети на нешто (име, збор).

Оригинални податоци:

плетка, плеткаат несв. 1. Мрси, замрсува конци и сл. Детево постојано ми ги плетка конците. 2. (прен.) Меша некого во нешто, обично нешто непријатно или недозволено. Не ме плеткај и мене во тие работи. 3. (прен.) Пелтечи, не зборува јасно, чисто. Јазикот му плетка, или е пијан или лаже. ● се ~ 1. Се мрси, се замрсува конец, мрежа и сл. Конецот постојано ми се плетка. 2. Се меша во нешто, обично каде што не треба. Тој секаде се плетка. 3. Пречи некому во одење, во движење, во работа и сл. Му се плетка по цел ден во работилницата. ◊ Ми се плетка на јазикот ‒ не може да се сети на нешто (име, збор). ‖ глаг. им. плеткање ср.