плева

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на плева:

1. Сламчиња и лушпи, остатоци при вршење на житото што се отстрануваат со веење. Сламата и плевата се користат како храна или како постилка за животните.

2. (прен.) Нешто во големо количество. Како плева.

Фразеолошки израз / поговорка:

Прст и плева /прсиплева ‒ во голем број, во изобилство.

Оригинални податоци:

плева (само едн.) ж. 1. Сламчиња и лушпи, остатоци при вршење на житото што се отстрануваат со веење. Сламата и плевата се користат како храна или како постилка за животните. 2. (прен.) Нешто во големо количество. Како плева. ◊ Прст и плева /прсиплева ‒ во голем број, во изобилство.